Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература

Поетесата Луиз Глик стана првата Американка што ја добила Нобеловата награда за литература во последните 27 години, наградена за „нејзиниот непогрешлив поетски глас што го прави индивидуалното постоење универзално“.

Глик е 16-та жена што го освоила признанието, и прва Американка откако Тони Морисон ја доби наградата во 1993 година. Американскиот кантавтор Боб Дилан беше изненадувачки победник во 2016 година.

Една од водечките американски поетеси, 77-годишната писателка е добитничка на Пулицеровата награда и Националната награда за книга, решавајќи теми, вклучувајќи го детството и семејниот живот, често преработувајќи ги грчките и римските митови.

Претседателот на комитетот за Нобелова награда, Андерс Олсон го поздрави „искрениот и бескомпромисен“ глас на Глик, кој е „полн со хумор и духовитост“.

Во кратко интервју, Глик за Нобеловата награда вели: „Првата мисла ми беше дека нема да имам пријатели затоа што повеќето од моите пријатели се писатели. Но, тогаш помислив, тоа нема да се случи. Премногу е ново, знаете? Не знам што значи тоа. Тоа е голема чест. Постојат добитници на кои не им се восхитувам. Но, мислам на оние што им се восхитувам“.

Таа рече дека наградата – 10 милиони шведски круни (870.000 фунти) – ќе и помогнат да купи куќа во Вермонт. „Но, главно, се грижам за зачувување на секојдневниот живот, со луѓето што ги сакам …“.

На прашањето од каде треба да започнат новите читатели, Глук рече: „Јас би им препорачала да не ја читаат мојата прва книга, освен ако не сакаат да се омаловажат. Но, сè после тоа може да биде интересно. Ми се допаѓа моето неодамнешно дело. „Аверно“ би било место за почеток, или мојата последна книга „Верна и доблесна ноќ“.

Родена во Њујорк во 1943 година, Глук пораснала на Лонг Ајленд и студирала на Универзитетот Колумбија. Предавала поезија на многу универзитети, а моментално е доцент по англиски јазик на Јеил.

Нобеловата награда за литература последниве години провлекува бројни критики и скандали. Во 2017 година, излегоа обвинувања за сексуално злоставување и финансиска измама во телото за гласање, а кулминираше со осудата на Жан-Клод Арно, сопруг на членот на академијата Катарина Фростенсон, за силување во 2018 година. Фростенсон потоа ја напушти Академијата откако беше откриена дека ги издавала имињата на претходните добитници во јавност, по што следеше низа оставки од членовите на Академијата.

Минатата година, пак, со објавување на победниците, Академијата се надеваше дека ќе стави крај критиките. Наместо тоа, беа избрани двајца европски писатели, популарната полска авторка Олга Токарчук и австрискиот писател Петер Хандке, избор кој беше широко критикуван поради неговото негирање на српските злосторства за време на војната во поранешна Југославија.