Луѓето и шимпанзата имаат заеднички знаковен јазик преку кој може да се разбираат, покажа ново истражување

Луѓето делат заеднички знаковен јазик со другите примати, односно разбираат многу од гестовите што дивите и бонобо шимпанзата ги користат меѓу себе.

Ова е заклучокот на нова видео-студија во која волонтери ги преведуваат гестовите на мајмуните.

Студијата спроведена од истражувачи на Универзитетот „Сејнт Ендрус“ покажува дека последниот заеднички предок што луѓето го делат со шимпанзата користел слични гестови за комуникација. Исто така истражувањето укажува дека овие гестови можеби биле „појдовна точка“ на човечкиот говор.

„Знаеме дека кај сите видови големи примати – шимпанзата има 95% преклопување на гестовите што ги користат за комуникација. Претходно имавме сомнеж дека способноста за гестикулирање ја поседувал и нашиот последен заеднички предок, но сега сме сигурни во тоа. Нашите заеднички предци започнале со гестикулирање, а потоа тоа преминало во јазик со говор“, изјавила професорката од универзитетот, д-р Кристи Грахам.

Тимот истражувачи што ја издаде студијата многу години ги набљудува шимпанзата. Тие претходно открија дека големите примати користат лексикон од повеќе од 80 гестикулации, и секоја од нив испраќа одредена порака до друг член на групата.

Пораките како „дотерај ме“ значи потреба од чешкање, „удар со устата“ значи да се подаде храната додека кинењето листови лента по лента со забите е знак на флерт на едно шимпанзо со друго.