„Луѓе како нас 2016“, филмски фестивал посветен на планинското трчање

Третото издание на филмскиот и видео фестивал посветен на планинското трчање „Луѓе како нас 2016“, ќе се одржи вечерва (4 мај) во киното Фросина. И оваа година фестивалот ќе биде насочен кон промовирање на планинското трчање во Македонија, но и кон привлекување што повеќе луѓе кон спортовите во природа и на отворено.

Отворањето на фестивалот е најавено во 19 часот, а во состав на програмата е предвидена проекција на повеќе кратки видеа и филмови, како и разговор со гостинот на фестивалот Зоран Димов, македонски атлетичар и ултрамаратонец.

 

Влезот е слободен. Фестивалот го организираат МК/ TREX, ПСД Макпетрол и Крали Марко Треилс, со поддршка од ЕХО – Планински филмски фестивал и МКЦ.