Луди стипендии – за што студентите земаат пари?

Обично мислиме дека за добивање на стипендија доволно е студентите да имаат добар просек. Ова за голем број студенти е недостижен сон, посебно ако се задоволуваат со 6-ки и 7-ки. Но, во државите кои имаат пари да ги стипендираат студентите, не им се толку важни нивните оценки, туку сосема други карактеристики.

Само за високи – „Tall Club International Scholarship“ е стипендија само за високи луѓе. За оваа стипендија, вредна 1.000 долари, може да се пријават студентите кои се високи барем 188 сантиметри или студентките кои се повисоки од 178 сантиметри.

Само за ниски – Доколку имате било каков облик на џуџест раст, можете да се пријавите за стипендија во фондацијата „Billy Barty“. Стипендијата изнесува 1.000 долари.

Стипендија за најголем обожавател на газиран пијалок – „Dr.Pepper“ e газиран американски пијалок кој веќе неколку години дава стипендија за обожавателите вредна 2.500 долари. За пријавување е потребно да снимите видео во кое зборувате колку го обожавате овој пијалок, а студентот со најдобро видео ја добива стипендијата.

За љубителите на добрите стари џамлии – Доколку заборавивте како се игра џамлија, време е да се потсетите. Имено, американскиот национален клуб за џамлии нуди стипендии за најдобриот играч на нивните турнири.

Стипендија за фустан и одело од леплива трака – „Duck Brand Duct Tape“ нудат стипендии за факултет, на оној пар кој за матурата ќе направи фустан и одело од леплива трака. Парот добива 5.000 долари стипендија, а нивното старо средно училиште добива дополнителни 5.000 долари награда.

За љубителите на слатките – Американското здружение за слатки ниду стипендија од 5.000 долари за сите студенти кои ги интересира производството на слатките.

Само за вегетаријанци – Спремни сте да се откажете од месото? „Vegetarian Resource Group“ нуди стипении за студирање на оние студенти кои не јадат месо. Стипендијата е вредна 5.000 долари.

За познавачите на алармот за заштита од пожар – Здружението за пожарни аларми нуди стипендија во вредност од 20.000 долари. Но, за да влезете во конкуренцијата, морате да знаете многу работи за алармот за заштита од пожар, а при пријавата морате и да решите квиз за него.

Извор: Факултети.мк