„Lucent“ на 6 август во Битола ќе го промовираат првиот албум

Во „Vakyym“ во Битола на 6 август (четврток) од 22 часот, „Lucent“ ќе го промовира својот прв истоимен албум.

Се работи за дуо од Битола формирано во 2018 година кое свири дум рок.

„Живееме во место и време каде што нашиот начин на живот, направен од неконвенционални идеи, е само малцинство. Како што сме сведоци на мизеријата околу себе даваме бескомпромисен мотив што врие во нас. Штрајк на креативноста. Форма на изразување по име Lucent“, пишува дуото за себе.