Речиси половина од сите природни локации прогласени за Културно наследство на планетата се разорувани од ловци, кои доведуваат некои загрозени видови до исчезнување, покажува ново истражување.
Илегалната трговија со дивина се проценува дека е вредна околу 15 милијарди долари, што ја прави четврта најголема интернационална криминална трговија, после дрогата, оружјето и трговијата со луѓе, според истражувањето именувано „Not For Sale“.
Нелегалната сеча на дрва и рибарењето исто така се случуваат во огромни размери.
Забранетото сечење на дрва, трговија која се проценува дека вреди помеѓу 30 милијарди и 100 милијарди долари годишно, е должно за дури 90 проценти од уништувањето на шумите во поголемите тропски држави.
Ловењето и препродажбата на риба се случува во 18 од 39 локации заштитени со закон, а заштитени видови на ајкули и ражи се меѓу видовите риба кои се ловат.
Извештајот, спроведен од групата за заштита на животинскиот свет WWF, предупредува дека видовите ставени на листата на Конвенцијата за интернационална трговија со загрозени видови, усвоена во 1975 година, се убиваат во наводно заштитени локации од Културно наследство.
„Во периодот меѓу 1975 и 2012 година, глобалното население на дивина се намали за околу 60 проценти во просек, а илегалното ловење на видови е една од главните причини за овој пад“, пишуваат авторите.
„Локациите кои се сметаат за Културно наследство сега функционираат како последниот бастион за многу критично загрозени видови, и ако не се заштитат овде, овие видови ќе изумра“.
„Моменталниот интернационален пристап за превенција на илегално ловење на видови ставени на листата не функционира, а здруженијата мора двојно да ги зголемат своите напори и да ги адресираат сите делови од синџирот на трговија со дивина“.
Извештајот на WWF вели дека доколку владите, Обединетите нации и другите не преземат „дополнителни и итни мерки“ за да го спречат широко распространетото ловење, „некои видови може да се соочат со локално изумирање, а некои локации кои се Културно наследство може да ја изгубат својата исклучителна универзална вредност“.
Вели дека видовите кои се под закана, како слоновите, носорозите и тигрите, илегално се ловат во 45 проценти од заштитените локации.
Ингер Андерсен, генерален директор на Интернационалната Унија за Конзервација на Природата (IUCN), вели: „Овој извештај е сериозен потсетник за тоа колку далеку овој тип на организиран криминал може да стигне, протегајќи се дури и во наводната безбедност на заштитените локации. Ова е глобален предизвик кој може да се спречи само преку колективна и интернационална акција“.