„Лов на зајци“ на претпоследната вечер на „Македокс“

Уште два дена до крајот на Фестивалот за креативни документарни филмови „Македокс“.

Проекциите на седмиот ден од фестивалот ќе започнат во 18 часот во Музеј на современа уметност, со прикажување на американскиот краткометражен „Помал брат“, а по него холандско-белгискиот „Керера“.

По ова, фестивалот се префрла пред Куршумли ан каде ќе се прикажува полскиот документарец „Фестивал“, а од 22:30 часот публиката ќе може да ги гледа кратките документарци „Оклопи од желски“, „Приказни за волците“ и „Бело ѓубре“.

Од 20:30 часот на платното во Куршумли ан премиерно ќе се прикажува третиот филм режиран од првата генерација на Докуникулци на „Македокс“, поточно од младата Розе Симоновска.

Филмот го следи Јордан низ неговото патување во светот на аутистите кои како што стои во описот „знаат да уживаат во животот, и покрај чудните погледи и тесните гледишта на сограѓаните“.

По него следува полскиот „Причест“, а од 23:30 часот следуваат „Лов на зајци“ и „Остров на гладни духови“.

Картите за проекциите може да се купат на самиот влез од Куршумли ан или преку веб-страницата Купи карти.

Повеќе за филмовите може да дознаете на следниот ЛИНК.