Калифорнискиот град Лос Анџелес, дом на Холивуд, вчера (25 април) го прослави првиот годишен „Ла Ла Ленд ден“, кој за празник го прогласи градоначалникот Ерик Гарсети.
„Мое задоволство е да го прогласам овој ден за „Ла Ла Ленд ден“. Можете да танцувате безбедно некаде близу до вашиот автомобил, по можност не во сообраќајна гужва, одете на состанок во Грифит Парк, заљубете се во некого, или пак одново во градот. Среќен „Ла Ла Ленд ден“, ЛА“, им го честита празникот на своите граѓани градоначалникот.
Иако ѕвездите на филмот, Ема Стоун и Рајан Гослинг, не беа присутни, Гарсети му додели плакета на режисерот Дејмиен Чазел, продуцентот Џордан Хоровиц и композиторот Џастин Хурвиц.
Хоровиц, кого Гарсети го нарече „еден од најграциозните луѓе кои некогаш присуствувале на Оскарите“ (алудирајќи на гафот на церемонијата, кога „Ла Ла Ленд“ погрешно беше прогласен за филм на годината), му се заблагодари на Градот Лос Анџелес и рече дека посветеноста која ја имаат за филмот е „вистинско остварување на еден сон“.
„Лос Анџелес ги отвори своите раце за овој филм на неверојатен начин. Овој филм кој има посебна магија, а градот е во неговиот центар“.
http://www.latimes.com/entertainment/movies/93142283-132.html
На перформансот пред градското собрание имаше танчари кои висеа од врвот на зградата, играјќи на песните од мјузиклот.
И самиот градоначалник Гарсети ја отсвири и оскаровската „City of Stars“ на пијано, во придружба на басистот и тапанарот на џез бендот кој свиреше на пригодата.
„Го сакам овој град. Мислам дека е денот е прослава на градот и неговиот диверзитет и креативност, и едноставно ме прави среќна што ги гледам овие луѓе. Сите се толку грациозни и прекрасни“, вели Ширли Мојерс, која го следела перформансот со својата ќерка Меделин Шнек.