Лорд Маунтбетен од кралското семејство: Не се чувстувам премногу удобно како геј

Лордот Ивар Маунтбeтeн, роднина на Кралицата Елизабета, стана првиот член на кралското семејство од Британија кој откри дека е геј и отворено зборува за својата сексуалност, објави Independent.

Тој е пра-внук на Ерл Маунтбетен од Бурма, кој беше убиен од Ира. Има три деца со Пенелопе Томпсон, но двојката се разведе во 2011 година.

Маунтбетен сега им соопштил на семејството и пријателите дека е геј и го претставил својот партнер Џејмс Којл, вработен во авиација, кој го запознал скијајќи во Швајцарија.

53-годишниот лорд, кој е пра-пра-пра-внук на кралицата Викторија, рече декa е среќен и му олеснило што конечно се отворил за својата сексуалност, но се уште не се чувствува 100 отсто удобно што е геј.

„’Излегов’ е многу смешна фраза, но претпоставувам тоа е нешто што го направив по прилично заобиколен пат, со цел да дојдам до позиција каде сум среќан. Се мачев со својата сексуалност, и на некој начин борбата се уште трае, па беше вистинско патување да се дојде до оваа точка“, рече Маунбетен.

Знаел деке е бисексуалец уште од тинејџерските години, но сепак и самиот делумно ја негирал својата сексуалност.

„Едноставно, не сакав да одам ’таму’ бидејќи така ќе имаше многу тага… Бев протеран во ’плакарот’, несакајќи да се помирам со фактот кој сум, и притоа да се соочам со пријателите и семејството во раните години. Па, сето го закопав“, објаснува тој.