Лондонските власти забранија сегрегација на детските игралишта

Изградба на детски игралишта, наменети исклучиво за децата од одредени станови, ќе биде забранета во иднина, најавија лондонските власти оваа недела.

Ваквата политиката, која е дел од лондонскиот план за развој на градот, следи откако случајот со имотот Лилиан Бајлис во Кенингтон предизвика бес во јавноста. Како што објави „Гардијан“, на семејствата кои живеат во социјалните станови сместени на имотот, не им било дозволено да ја користат областа за играње или заедничките простори за деца.

Хенли Хоумс, компанијата која го изградила ѕидот што го дели имотот, минатата недела го отстрани и одржа јавна забава за сите жители со цел да се извини за сегрегацијата.

Според новите промени во политиката за нови градби каде што приватни сопственици, покрај прифатлива кирија, вклучувајќи заедничка сопственост и социјално изнајмен стан, веќе нема да можат да градат простори за играње кои се достапни само за луѓето од најскапите домови.

„Срамно е тоа што децата кои живеат во истите згради некогаш ќе бидат спречени да играат заедно”, изјави Садик Кан, градоначалникот на Лондон, за Гардијан.

Тој додаде дека ваквата сегрегација е морално неприфатлива. Сепак, многумина тврдат дека оваа нова политика не ги решава целосно проблемите бидејќи ќе нема никаков импакт врз населбите кои веќе почнале да се градат.

Ема, една од корисничките на социјалните станови, заедно со нејзините соседи сметаат дека домовите за изнајмување се изградени за да се исполнат желбите на оние кои не можат да си дозволат да купат пристоен дом, но потоа само ги ставаат во посебна зграда и не им се дозволува пристап до заедничките простори.