Лола Палмер на 18 март во „Епицентар“

Аудио серијал, настани и магазин за електронска музика. Roomania.mk слави 2 години на 18 март во „Епицентар“ заедно со Лола Палмер (Berg Audio), која за прв пат доаѓа во Македонија.

„Позната по своите беспрекорни селекции на музика, кои ги споделува низ целиот свет во последните две децении, Лола Палмер многумина ја сметаат за една од најдобрите европски селектори за дип техно. Нејзиното постојано објавување на диџеј-миксови ѝ донесе импресивна бројка на следбеници преку каналите како што се RTS.FM и MixCult – собирајќи до 270K преслушувања по микс“, стои во најавата за настанот.

По соработката со продуценти како Тери Ли Браун Јуниор, Лола Палмер го продолжува своето музичко патување со изданија на Mixcult и дебитантски винил EP на продукциската куќа Berg Audio, со ремикси од нејзините омилени продуценти на сцената, Џанарет, Прику и Дину.

„Несомнено е дека Лола Палмер e на добар пат да биде многу ценет и баран уметник по престижните фестивали низ светот“, се вели во најавата за настанот.