Локална акција за „оживување“ на спортскиот центар во Тетово

Членовите на Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово ја продолжија акцијата за „оживување“ на спортскиот центар.

Локална акција за „оживување“ на спортскиот центар во Тетово

Тие ја бојадисуваа спортската инфраструктура (лулашки, клацкалки, кошеви, реквизити за спорт и рекреација), но и со транспаренти упатија силна порака до надлежните институции за итна реконструкција на спортскиот центар.

„Упатуваме апел до надлежните институции за реконструкција на спортскиот центар како катче за рекреација и спорт на младите и граѓаните на Тетово, младите немаат место за спорт и рекреација“, истакна Марко Видачек, од Медиа/Арт клубот од Тетово.

На крајот на акцијата членовите на клубот го исчистија  спортскиот центар од отпадот, а на почетокот на пролетта најавија поголеми акции за ревитализација на спортскиот центар.

Локална акција за „оживување“ на спортскиот центар во Тетово

Локална акција за „оживување“ на спортскиот центар во Тетово

Локална акција за „оживување“ на спортскиот центар во Тетово

100_2689

Локална акција за „оживување“ на спортскиот центар во Тетово

 

На овој ЛИНК може да го погледнете и видеото од акцијата.

Бобан Костадиновски