Локалците со човечки ланец го помогнаа селењето на омилената книжарница

Иако отворањето на нова книжарница или нејзино преместување на нова локација не е ништо необично, во англискиот град Саутемптон, целата книжарница беше преселена со помош на човечки синџир. Жителите на овој град одлучија да и помогнат на малата непрофитна книжарница „October Books“, која постои 40 години и е многу популарна во локалната заедница.

Откако поскапела киријата за објектот, сопствениците на книжарницата морале да најдат нова локација, која се наоѓала на само 150 метри од постоечката. Тогаш се појавил проблем како да се префрлат 20.000 книги и мебелот.

Помошта била побарана од локалната заедница. Околу 250 луѓе се собраа и направија синџир од старата до нова локација на книжарницата, при што почнаа да си ги подаваат книгите од рака на рака. Но, помошта не заврши тука, па дел од локалците помагаа и во уредувањето на новите простории и распоредувањето на инвентарот.

Анабел Хоџсон, која беше дел од оваа акција,е воодушевена што ја сограѓаните одлучиле да волонтираат за да им помогнат во преселување на новата локација.

„Претставниците на неколку мали приватни компании, како и група луѓе, ја дадоа својата поддршка. Тоа е неверојатно”, рече Хоџсон.

Нејзиниот сограѓанин Џени Франк, кој исто така беше дел од овој човечки синџир, додава дека ваквите акции се многу важни за една мала заедница.

„Откако ги пренесовме повеќето книги, останав доброволно да им помагам на сопствениците да ги обојат новите полици“, изјави тој.

Новата книжарница беше отворена кон крајот на викендов.