„Љубовта не може да чека“ – изложба на фотографии и ракотворби во „Комитет“

10 фотографии на Лазар Зафировски изработени заедно со тимот од „Сигурната куќа“, како и ракотворби изработени на корисниците на „Сигурна куќа“, од 9 октомври ќе бидат изложени во социјалниот центар „Комитет“.

На изложбата која ќе се отвори во 5 часот, ќе бидат претставени 10 фотографии на Лазар Зафировски во кои се отсликува секојдневното изразување на љубов преку отворен наспроти прикриен говор.

„Во ова современо и дигитализирано општество, секој еден човек има загарантирано право на сопствено изразување, како на своите мислења и ставови, така и на својата љубов. Но дали е тоа реалноста во која секоја индивидуа живее?“, велат организаторите.

Изложбата која ќе биде отворена до 16 октомври и е од продажен карактер.

При одржувањето на изложбата ќе бидат запазени сите мерки против Ковид-19 според протоколите.