Љубовен бакнеж – Протести во Индија за изразување на љубов

Протест со слоганот „Љубовен бакнеж“ во Индија беше прекинат од полицијата со десетици уапсени. Малкумина успеаа да ја спроведат главната цел на кампањата, односно јавно да изразат љубов.

Забрането бакнување – Протести во Индија за изразување на љубов

Во градот, Кочи, полицијата ги приведе главните организатири на протестот, кои на Фејсбук се нарекувале „Слободни мислители“ и педесетина учесници. Откако полицијата почнала да ги приведува некои од учесниците, во одбрана почнале да се бакнуваат.

Протестниот марш беше планиран да започне од факултетот за правни науки „Ернакулам“, па да продолжи низ градот со изразување љубов на различни начини што се сметаат за соодветни како што е бакнувањето или држењето за рака.

Протести во Индија за изразување на љубов

Ставовите на младите луѓе за кампањата биле поделени, така што Младинскиот конгрес и Студентската федерација во Индија се залагале за кампањата, додека Студентскиот сојуз „Керала“ биле против. Иако се очекувало стотици да се откажат, публицитетот привлекол уште илјадници љубопитни случајни минувачи. Во близина се случил контра-марш.

„Ова е таков машки простор. Заборавете на изразување на љубов, кога воглавно и самите не можеме да се изразиме“, изјави девојка што ги поддржува протестите.

Протести во Индија за изразување на љубов

Сепак, други сметаат дека протестот ги срами традициите на Индија и велат дека „само излегле од љубопитност“.

Движењето стана популарно на Фејсбук откако едно локално индиско кафуле беше вандализирано поради тоа што било познато дека таму се состануваат млади парови. Исто така, на приватна телевизија беше прикажан млад пар како се бакнуваат во ресторанот.

Извор: RT