Љубојна и „Boniface“ вечерва со концерти на „Култура за време на корона“

Во рамки на програмата „Култура во време на Корона“, вечерва во Скопје ќе се одржат два концерти по почетокот на полицискиот час, кои ќе бидат пренесувани онлајн.

Од 19 часот, кај Железничката зграда, зад трговскиот центар „Буњаковец“, концерт ќе одржи групата Љубојна, а во 20.30 часот „Boniface“ ќе имаaт свој настап кај паркот на улица „Вуковарска“ во населбата Чаир.

Настапите ќе бидат пренесувани во живо на фејсбук и јутјуб страниците на Град Скопје

Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04. 2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на следниов ЛИНК.