Првите обележани патеки за брзо движење на пешаците во Британија се воведуваат во Ливерпул, Англија, по истражувањето кое покажало дека бавното движење по тротоарите во центарот на градот е најголемата непријатност за граѓаните кои одат на шопинг.
Првата ваква патека е обележана на улицата St. John, а таа ќе им овозможи на луѓето да чекорат побрзо околу трикатниот трговски центар „Ливерпул еден“.
Истражувањето исто така покажало дека купувачите мразат да се пробиваат низ толпа, како и луѓе кои разговараат на средината на улиците и тротоарите. Очекувано, идејата за брзите пешачки патеки била попопуларна кај младите испитаници (69% од младите на возраст од 18 до 24 години биле „за“), отколку кај постарите (само 37% го поддржале планот).