Лице в лице со животната средина – Пријави што ти пречи

Повикот „Лице в лице со животната средина – Пријави што ти пречи“ е наменет за сите организации, неформални групи и граѓани кои сакаат да дадат свој придонес во зачувувањето и заштитата на животната средина.

Лице в лице со животната средина - Пријави што ти пречи

Уличното активистичко списание „Лице в лице“, во своето 11-то издание, кое ќе излезе во јули, како главна тема ја има животната средина и проблемите кои се случуваат во битката за зачувување на природата.

– Важно ни е да ги вклучиме и вашите ствови, искуства и пријави на оваа тема, кои потоа ќе ги собереме на едно место, ќе искреираме текстови на темите кои што сте ги посочиле како горливи, ќе ги презентираме во следниот број на „Лице в лице“, а и ќе ги испратиме и до надлежните како чекор во решавање на проблемите кои се закана за сите нас, велат оттаму.

Освен овој повик, „Лице в лице“ направи и повик за креативни дела, а деталите можете да ги најдете на следниот линк. Пријатели на „Лице в лице“ кои и до сега беа дел од креативните настани на платформата за активизам ќе учествуваат на групна изложба на тема „Лице в лице со животната средина“.

Дваесетина фотографии, слики, графики и цртежи ќе бидат изложени во јули на едно место, заедно со најуспешните креации од повикот за креативни дела. На овој настан ќе биде промовиран и 11-от број на „Лице в лице“.