Литературен час за Петре М. Андреевски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје

 Литературен час посветен на животот и делото Петре М. Андреевски ќе се одржи денеска напладне во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

На чествувањето ќе присуствуваат ученици од гимназијата „Јосип Броз – Тито“ од Скопје.

Пригодно предавање за творештвото на Андреевски ќе одржи професорот Гоце Ристевски.