Листа на поткасти кои може да ги слушате за време на изолацијата

Поткасти за дигитална култура, џез музика, стрип, графити и илустрации се само дел од содржините кои може да ги слушнете за време на изолацијата.

Радио МОФ направи мала ретроспективна листа која содржи подкасти на теми како ментално здравје, екологија, музика, култура и уметност.

„Роаринг саундс“ е подкаст со осврт кон џез музиката.

„Дигитална култура“ е поткст во неколку епизоди.

Поткаст посветен на решавање на проблемите со глобалното затоплување.

Во овој поткаст може да слушнете што е потребно за да се успее и каков потенцијал има креативната индустрија во македонски услови.

Слушнете ја емисијата и дознајте зошто и како се појавува синдромот на прегорување, како да ја препознаеме, како да се справиме, но и како да ја превенираме оваа состојба.

Поткастот е посветен на напуштени и заборавени простори, како потенцијал за колективен ангажман и за нови, неискористени можности за заедницата.

Ако решите да цртате, или да се бавите со уметност како стрип, графити, илустрации, тогаш тоа правете го посветено, со сето срце и за свој кејф. Во подкастот зборуваме со Брадестиот Џо од „Сеир и ништо“, младиот стрип уметник Никола Панов, Ѓорѓе Јовановиќ и Руки Чуки.

Нашите соговорнички во #УраЗаКултура ги споделуваат предизвиците низ кои поминале изминатава деценија при организирање на фестивал, но и за идејата што сè уште ги држи активни.