Лирска сред(б)а 2 – Поетско читање во Социјален центар Дуња

Во среда, 26.10. со почеток од 19:00 часот, во Социјален центар Дуња се организира втората Лирска сред(б)а.
Организаторите го нарекуваат настанот „поетска медитација за сите на кои ни фали поезија во животот деновиве“.
Овој пат во првиот круг ќе се читаат стихови, а во вториот дел ќе се читаат кратки раскази. Сопствени или творби од други автори се подеднакво добредојдени. За присуство заинтересираните може да се пријават на Фејсбук страницата на Социјален центар Дуња, или пак, едноставно да дојдат во среда вечерта.
Лирските сред(б) ќе се одржуваат на секои две седмици, во вечерите во среда, а ќе бидат придружении со вкусно-приготвено греaно вино.