Лили објаснува – зошто студентскиот весник објави слика од нејзината вагина

Лили  Пачет беше една од 18 млади жени кои се согласија да дозволат нивните вагини да бидат фотографирани и објавени на насловната страница на еден студентски весник на Универзитетот во Сиднеј.

Лили објаснува - зошто студентскиот весник објави слика од нејзината вагина

Четири илјади копии од Honi Soitбеа конфискувани од студентскиот Совет откако изданието беше дистрибуирано со насловна страна на која се најдоа нецензурираните вагини.

Идејата беше со вакавата насловната страница да им се помогне на жените да се чувствуваат подобро во врска со своите тела покажувајќи им како вообичаено изгледа вагината.

„Ние сме уморни од општеството да  ни кажува како треба да се чувствуваме во врска со нашите сопствени тела”, напиша еден уредниците на „Honi Soit“ на Фејсбук.

Социјалните медиуми наскоро под хаштагот # vaginasoit, се распламтеа во насока на пофалба или осудување на ваквиот потег.

Лили, 18-годишната студентка на универзитетот не жали за својата постапка. Всушност, таа е горда на нејзиниот придонес за контроверзната кампања.

„Јас сум горда што бев дел од проектот, бидејќи жените почнаа да зборуваат со мене и да ми се заблагодаруваат што сум им помогнала во процесот да ги прифатат своите тела, иако на некој начин тие не одговара на порно-стандардизираните лага, но сепак се нормални и сеуште убави “, изјави Лили за австралиските медиуми.

„За мене насловната страна беше искрена. Секоја од жените вклучени во проектот и нивните изјави во статијата, зборуваат од срцето”, рече таа.

Лили објаснува - зошто студентскиот весник објави слика од нејзината вагина

Лили е член на женската група на Универзитетот во Сиднеј. Таа била регрутирана за „Honi Soit“ преку проект на еден од состаноците на групата.

„Еден ден,  додека бев на состанок, Луси Вотсон, еден од уредниците, ни кажа за овој проект и праша дали некој би сакал да размисли за учество”, раскажува Лили и додава дека сите учеснички во проектот, во било кој момент можеле да се откажат..

Всушност, уредниците на весникот добиле повеќе волонтери отколку што им било потребно.

„Мислам дека на почетокот тие ним им требаа 10 жени, но на крајот завршивме со 18, објаснува Лили.

„Јас сакав да го направи тоа од самиот почеток”, рече таа. „И покрај сите забелешки, јас се чуствувам прилично удобно во сопственото тело и бев нестрплива да им помогнам и на другите жени да се чувствуваат удобно во сопствените тела“.

Лили не е изненадена од реакциите против „Honi Soit “ и жените кои учествувале. Критичарите ја оценија насловната на весникот како “несоодветна”, помеѓу другите, помалку учтиви називи.

„Јас очекував критики, но не можам да ги разберам”, вели Лили.

„Вистината за разновидноста и богатството на нашите тела е скриена од речиси сите. Сега сме 2013 година, јас не можев да се сетам на посоодветно време.”

Во меѓувреме, реакциите од пријателите на Лили се многу позитивни, а таа е поддржана и од другите што се вклучени во приказната.

Ниту една од зајадливи забелешки не ја натера за да се кае поради својата вмешаност. Таа се надева дека насловната на „Honi Soit“ ќе им помогне на другите жени да разберат дека нивните тела се нормални.