Ликовен конкурс на тема „Книга и чај“

Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, распишаа конкурс за ликовни дела на тема „Книга и чај“.

Ликовен конкурс на тема „Книга и чај“

Сите автори од републиката и странство имаат право да испратат неограничен број свои дела на оваа тема во кој било формат и во која било ликовна техника, а ќе бидат изложени на Фестивалот на чајот и читањето што ќе започне на 4-ти февруари и ќе трае до 8-ми март во Културниот центар „Феникс“ во Скопје.

Најдобрите ликовни дела и автори ќе бидат наградени, а нивните ликовни дела ќе бидат презентирани на изложбата „Книга и Чај“.

Ликовните дела, заедно со куса биографија за авторите, треба да се испратат до Издавачка куќа Феникс, ул.Костурски херои бр.35, 1000 Скопје, Република Македонија.

Трудовите не се враќаат, а нив ќе ги разгледа и награди посебна жири-комисија. Рокот за испраќање на ликовните дела е 15-ти јануари 2015 година.