Ликовен конкурс на тема „Карневал“

Конкурс за ликовни дела на тема „Карневал“ распишаа издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.

Право на учество имаат сите автори од Македонија и од странство кои може да пратат неограничен број свои дела на оваа тема во кој било формат и во која било ликовна техника.

Ликовните дела, заедно со куса биографија за авторите, треба да се праќаат на адреса: Издавачка куќа Феникс, ул.Костурски херои бр.35, 1000 Скопје. Рокот на конкурсот е до 15 март 2015 година.

Најдобрите ликовни дела и автори ќе бидат наградени, а за нив ќе одлучи жири. Наградените творби ќе бидат презентирани на специјална изложба на тема „Карневал“.

Сите ликовни дела кои ќе учествуваат на конкурсот ќе бидат изложени во Галеријата на познатите на Културниот центар „Феникс“ во Скопје.