Ликовен и литературен конкурс на тема „Јас и ти, исти“ во Битола

Ликовен и литературен конкурс на тема „Јас и ти, исти“ во БитолаМладински образовен форум (МОФ) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавува конкурс за најдобра литературна и ликовна творба на тема: „Јас и ти, исти“, како дел од локалниот јавен настан „Јас и ти, исти“ кој ќе се случи на 19 август 2014 година во Градскиот парк во Битола со почеток од 19:00 часот.

Овој конкурс е отворен за сите млади на возраст од 14 – 20 години на територијата на општина Битола.
Конкурсот е од награден карактер, а најдобрите три творби од двете категории ќе бидат прочитани и наградени со книги на 19 август 2014 година, за време на главниот настан кој ќе се одржи во Градскиот парк во Битола.

Испратените творби треба да се однесуваат на следниве теми и области:

  • Интеграција на младите врз основа на етничка, верска, културна, социјална, сексуална и дру вид на определба и повикување на соживот и соработка;
  • Намалување на меѓуетничката нетолеранција, рушење на стереотипите и предрасудите, меѓусебно прифаќање и почитување;
  • Промовирање и заштита на човековите права и слободи, со посебен акцент на правото на избор и заштита од дискриминација по која било основа.

Секоја ликовна или литературна творба треба да ги содржи следниве податоци за авторот:

  • Име и презиме
  • Населено место
  • Телефон за личен контакт или контакт од родителот/старателот

Сите заинтересирани можат да ги испратат своите творби на адреса:
Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил бр.29, 7000 Битола,
со назнака: ЗА КОНКУРС „ЈАС И ТИ, ИСТИ“.

Краен рок за испраќање е 13 август 2014 година.

Испратените творби нема да бидат вратени.