LifePaint – рефлективна боја за побезбедно возење велосипед

Со цел да се подобри безбедноста на велосипедистите, производителот на автомобили „Volvo“ му се придружи на производителот на рефлектибнс боја „Albedo 1003, во производство на LifePaint. Тоа претставува спреј во боја кој се нанесува на облеката на возачот и за неговиот шлем со цел да биде повеќе видлив за останатите учесници во сообраќајот.

Бојата ја рефлектира светлината што доаѓа од автомобилите и камионите, предизвикувајќи она што било нанесено да свети со бела боја. Предност е тоа што, преку ден бојата од спрејот е невидлива, така што на облеката може да се нанесе спрејот и преку ден, а да не изгледа возачот чудно.

Сепак, LifePaint не е долготрајно решение за ноќните возења со оглед на тоа дека лесно може да се измие и после една недела, откако е нанесен, спрејот исчезнува. Така што, за да се задржи рефлективната боја на облеката, мора постојано да се нанесува од спрејот.

LifePaint е дел од визијата на компанијата за 2020 година која има за цел да ги спречи случаите од загинати возачи кои користеле ново возило од оваа компанија. Во своето промотивно видео, компанијата објаснува како велосипедистите да го применат спрејот, но тој не може да се нанесе на самиот велосипед бидејќи бојата не се придржува на метал.

Партнерот во овој проект, Albedo 100, изработува слични рефлективни бои и за животните. Засега, LifePaint е достапен само во неколку продавници во Лондон.

Сепак, ваквите обиди за да се зголеми безбедноста на велосипедистите се многу почести. На пример, познатото Blaze Bike Light кое започна како кампања на Kickstarter е иновативна светилка за велосипед која го прикажува велосипедот додека вози на улица шест метри.