Државната изборна комисија изработи посебна интернет страница преку кои лицата кои се во домашен карантин или на кои им е одредена мерка за самоизолација поради коронавирусот можат да се регистрираат за гласање на претстојните парламентарни избори.
Граѓаните регистрирањето можат да го направат целосно електронски, а при пријаввувањето од нив ќе биде барано електронски да достават копија од личната карта и копија од решението за карантин или самоизолација издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат.
Со цел за полесно прикачување на бараните документи, од ДИК препорачуваат веб апликацијата граѓаните да ја користат од нивниот мобилен уред, со кој при пополнувањето на податоците на едноставен начин, преку сликање на копиите од документите, ќе може да се прикачат.
Рокот за пријавување на граѓаните кои се во карантин или изолација, според упатството на Државната изборна комисија, истекува утре (8 јули) на полноќ. Граѓаните кои по 8-ми јули ќе се заразат со коронавирусот, или ќе добијат решение за самоизолација, нема да може да гласаат на овие избори.
Граѓаните кои се во домашен карантин или во самоизолација ќе гласаат на 13-ти јули.
Интернет страницата за регистрирање може да ја најдете на следниов ЛИНК.