Лицата со попреченост да станат видливи и да бидат вклучени во општеството

Лицата со попреченост се реалност, тие треба да видливи, да се направи функционална проценка на нивните можности и да се овозможи нивно вклучување во општеството и таму каде е можно во пазарот на труд. За тоа да се реализира и да се надминат сегашните состојби со малата инклузија на лицата со попреченост потребен е сеопфатен пристап и поврзаност на образованито, здравствениот систем и социјалната заштита.

Ова се дел од ставовите на учесниците на Конференција „Очи за еднаквост“ што во организација на Хелсиншкиот комитет се одржа во Скопје.

„Доколку едно лице држите на социјална заштита со години го правите се поисклучено од општеството и од пазарот на труд. Затоа треба да се направат напори образовниот систем и  заштитниот систем да бидат во насока на вработување и инклузија на лицата таму каде тоа е можно“, рече министерката Мила Царовска обраќајки се на конференцијата.

Смета дека е потребна функционална проценка на можностите на овие лица, а не само на нивната попреченост, како и трансформација на големите институции во помали како мали групни домови, згрижувачки семејства…односно институции најблиски до примерот на семејство.

Немањето мерки во таа насока, вели, ги прави овие лица се попасивни и наместо да се водат дебати за тоа колку активни мерки наменети за нив има, какви кфалификации имаат лицата, се се сведува на дискусија за зголемување на додатокот.

„Јас сум за поголеми додатоци, но и за поголеми можности да се вкчучат во пазарот на труд и општеството за да почуствува лицето дека само заработува и да има повеќе самодоверба“, рече Царовска.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет вели дека некои лица се раѓаат со попреченост, некои пак ја стекнуваат со тек на животот, но оти на сите нив им треба некаков вид на поддршка или поткрепа од општсевото.

„Од интерес на општеството е тие да бидат поддржани и вклучени во општеството и да ја одиграат својата улога во него. Тоа ги прави општествата силни и така ќе можат да се соочат со предизвиците наместо да се обидуваат да се преправаат дека тие предизвици не постојат“, рече Гарет.

Справувањето со овие предизвици е патување без крајна дестинација, рече, и ниту едно општсветво не достигнало состојба на совршенство. Важно е да се идентификуваат итните приоритети и промените кои се потребни и потоа да се вклучат сите за тие да се реализираат.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ вели дека во иаминатите дваесеттина години не се постигнати видливи резултати. Отсуствува, потенцира таа, системски пристап во справувањето со проблемиот на инклузија на лицата со попреченост. Секогаш, додава Пировска, се поплнуваа празнини и законски недостатоци, а малку се работеше на вистинска примена.

На конференцијата говореа и три лица со попреченост за нивната борба за вклучување во општеството, за пречките со кои на тој пат се соочиле. На останатите лица со попреченост им порачаа, не откажувајте се, борете се за себе.

За потребите на Конференцијата се се направени анализи а состојбите на лицата со физичка попреченост и со интелектуална и комбинирана попреченост.

МИА