Либанската влада поднесе оставка поради експлозијата во Бејрут

Либанскиот министер за здравство  Хамад Хасан вчера соопшти дека владата поднела оставка поради разорната експлозија на бејрутското пристаниште кое се случи претходната недела. Претходно, оставка поднесоа тројца членови на владата и седум пратеници, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

По завршувањето на вчерашната седница на владата, Хасан наведе дека премиерот Хасан Диаб ќе се упати кон претседателската палата како би ја предал оставката во име на сите министри.

Во разорната експлозија на пристаништето во Бејрут животот го загубија најмалку 160 лица, а во Либан поради ваквата случка со денови се одржуваат протести.

Протестите кои се одржаа за време на викендот се можеби најголеми и најсилни во последната година, а демонстрантите окупираа неколку владини министерства и фрлаа со камења и други предмети на безбедносните сили.

Во судирите со демонстрантите, полицијата употребила солзавец, гумени куршуми, а во некои случаи и пукала со огнено оружје.

Нови протести во Либан додека министри и пратеници поднесуваат оставки