ЛГБТИ Центарот за поддршка преместен на нова локација

Хелсиншкиот Комитет за човекови права и ЛГБТИ Центарот за поддршка се преместени на нова локација, соопштија оттаму.

ЛГБТИ Центарот за поддршка преместен на нова локација

Организациите сега се сместени во куќа со два посебни влеза за двете организации, која се наоѓа во Дебар Маало карши фонтаната “Лотус” во Градскиот Парк.

ЛГБТИ Центарот за поддршка преместен на нова локација

ЛГБТИ Центарот се наоѓа на вториот кат и просторот нуди одлични услови за работа, одржување на настани, работилници, обуки, проекции на видео материјали, дискусии, социјализација, а исто така има и библиотека со ЛГБТИ и квир литература.

ЛГБТИ Центарот за поддршка преместен на нова локација

„Од понеделникот, 17 февруари, новото работното време на Центарот за поддршка е секој работен ден од 09.00 до 22.00 часот. Виножитото сега изгрева над Дебар Мaало“, велат од ЛГБТИ Центарот.