ЛГБТИ Центарот за поддршка наскоро со читачки клуб

Концептите на споделување во и низ литературата не‘ инспирираа да отпочнеме со работа на Читачкиот клуб, кој во рамки на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе биде место на размена и среќавање, соопштуваат од Центарот.

ЛГБТИ Центарот за поддршка наскоро  со читачки клуб

Читачкиот клуб ќе се организира секоја среда во неделата, вклучувајќи читања и дискусии, проекции на филмови и други видео материјали, гостувања, дебати за квир литературата и други иницијативи кои потенцијално ќе произлезат од динамиката на клубот.

Отворената можност да се биде дел од оваа идеја, претставува поттик за организирање на Читачкиот клуб и, понатаму, за развивање на истиот во кумулативна точка на енергија, велат оттаму.

За подеталното информирање и пристапување со предлози околу Читачкиот клуб, одговорен е Петар Андоновски (andonovski_petar@yahoo.com).