ЛГБТ здружение од Австралија нацрта виножито пред домот на премиерот во знак на протест

Австралиска ЛГБТ заедница во знак на протест во текот на ноќта во четвртокот нацртала огромно виножито пред куќата на премиерот Малколм Турнбул. Протестот бил испланиран откако премиерот одбил да се прифати програма за безбедни училишта, која би создала безбедна околина за ЛГБТ учениците и со која би се намалило злоупотребувањето и дискриминацијата во образованието.

Мирниот протест го водела заедницата DIY Rainbow, која го поддржува проектот Safe Schools.

Турнбул изведе контроверзен потег, враќајќи го предлогот за програмата на повторно разгледување. Одлуката следеше после голем притисок од десничарските политичари, христијанските и анти-геј групите.

Основачот на DIY Rainbow проектот, Џејмс Бречни, црта виножита со креда веќе три години. Откако во 2013 година познат премин-виножито на улицата Оксфорд, главното ЛГБТ собиралиште во Сиднеј, бил отстранет, Бречни нацртал огромно виножито во својата куќа како шега. Идејата за цртање виножита во знак на протест се проширила и поддржувачи од сите страни на светот цртале виножита со креда пред нивните куќи и фирми.

„Протестот беше навистина мирен. Идејата беше да направиме нешто повпечатливо од тоа да одиме во канцеларијата на Турнбул. За пораката да му стигне дома, ја испративме директно до неговата куќа“, вели Бречни за Mashable.