По повод 12-ти август – Меѓународниот ден на младите, активистите и членовите на ЛГБТ Јунајтед упатија апел за почитување на сексуалните, здравствените и основните човекови права на младите ЛГБТ лица во Македонија, кој ви го пренесуваме во целост:
Да си млад и да припаѓаш на една од најранливите и најмаргинализираните групи во Македонија значи секојдневно да се бориш со стереотипите, предрасудите и пречките кои ги создава нашето општеството и тоа е многу тешко. Дали институците се свесни колку млади ЛГБТ лица има во Македонија, во какви услови живеат, учат и какви можности им се обезбедени на нив од страна на институциите?
Дали институциите на системот знаат колку млади ЛГБТ лица живеат во депресија, исплашени и затворени самите во себе стравувајќи за својата лична безбедност?
Колку стотици млади ЛГБТ лица ја напуштиле државата во потрага за подобро место за живот, каде што ке бидат прифатени како ЛГБТ лица и ќе можат да ги уживеат своите човекови и сексуални права?
Апелираме до институците да придонесат за подобро утре на младите ЛГБТ лица, со директно вклучување во сите сфери на животот како и во донесувањето на одлуките кои директно ги засегат младите ЛГБТ лица.