LG призна дека некои телевизори собираат податоци за компанијата

Јужнокорејскиот електронски гигант LG призна дека поради „софтверска грешка“, некои телевизори од оваа марка без дозвола од гледачите испраќаат до компанијата податоци за нивните навики.

Вториот најголем производител на телевизори во светот тврди дека ќе ја поправи грешката, откако британскиот ИТ консултант Jason Huntley на својот блог укажа на овој проблем.

Тој вели дека LG телевизорите собираат и праќаат информации за тоа кои канали се гледаат, дури и кога ќе ја исклучите таа опција од менито.

„Утврдивме дека некои наши „паметни“ телевизори праќаат информации за гледањето канали и кога гледачот ќе ја исклучи таа функција. Подготвуваме софтверско решение што ќе го исправи овој пропуст”, се вели во соопштението на LG.

Хантли оценува дека ова е позитивен чекор, пренесе AFP.

Најголемиот ривал на LG, Samsung, соопшти дека неговите уреди го немаат овој проблем.

Извор: Макфакс