Лезбијка од Македонија доби азил во САД

Лезбијка од Македонка доби азил во САД поради страв дека ако се врати во родната земја ќе биде прогонета, објави Плус инфо.

Лезбијка од Македонија доби азил во САД

Порталот се повикува на информацијата објавена од светската адвокатска канцеларија „Хоган Ловелс“ чиј адвокатски тим про боно ја застапувал Македонката.

На официјалната веб-страница на „Хоган Ловелс“ во соопштение пишува дека додека била во Македонија, жената криела дека е лезбијка, но кога за тоа се дознало, неколку лица ѝ се заканиле дека ќе ја убијат.

„Откако ги добила заканите по живот, жената заминала во САД и побара азил со помош на нашата адвокатска канцеларија. Оваа победа доаѓа во време на зголемено насилство кон лезбијките, геј, бисексуалците и транссексуалците во Македонија, каде антиЛГБТ ги издвојува индивидуалците а властите потфрлаат во гонењето на сторителите“, пишува во соопштението од „Хоган Ловелс“.

Азилот е одобрен на 18 февруари годинава од канцеларијата за азил во Арлингтон.

– Македонија не е безбедно место за ЛГБТ заедницата и владата на Македонија не прави ништо за да нè заштити од дискриминацијата и од насилството – изјавила жената, како што објавува адвокатската канцеларија.

Целата вест прочитајте ја на следниот линк.