Летниот сонцестој кај Стоунхенџ ќе се прикажува во живо на Фејсбук

Традиционалната прослава на летниот сонцестој кај Стоунхенџ, годинава нема да се одржи поради забраната за собири поради пандемијата на Ковид-19.

Сепак, организаторите ќе се погрижат јавноста да ужива во овој феномен, така што во живо ќе го пренесува на своите социјални профили. Преност ќе започне ноќта на 20 јуни, а ќе трае до изгрејсонце на 21 јуни.

Од своите почетоци, овие древни објекти се поврзувале со летните и зимските сонцестои на северната Земјина полутопка. Собирањето на Стоунхенџ е вековна традиција. Секоја година, илјадници луѓе се собираат за да го одбележат најдолгиот ден во годината.

Стоунхенџ е дел од светското наследство на УНЕСКО уште во 1986 година.