Летни стипендии за средношколци на Институтот Бенџамин Френклин

Стејт Департментот на САД нуди стипендии за средношколци од Македонија во 2014 година на трансатласкиот летен институт Бенџамин Френклин (Benjamin Franklin Transatlantic Summer Institute).

Летни стипендии за средношколци на Институтот Бенџамин Френклин

Институтот ќе прими средношколци кои во САД ќе престојуваат 3-4 седмици, од крајот на јули до крајот на август 2014 година. Активностите ќе вклучуваат дискусии за глобалните теми од заеднички интерес, лидерство и обуки за медиуми, соработка за развој на проекти, образовни патувања како и план за идни активности.

Преку оваа програма на Бенџамин Френклин ќе може да влезат 90 средношколкци на возраст од 16 до 18 години. Секоја програма на институтот ќе биде прилагодена за 35 европски и 10 американски ученици.

Целите на Институтот се развој на трансатланската соработка, засилување на врските меѓу младите од САД и Европа, промовирање на мултикултурно разбирање како и развој на младинско лидерство преку ширење на позитивните акции.

Апликантите треба да бидат на возраст од 16-18 години, заклучно со јуни 2014 година, да ја пополнат официјалната апликација и да испратат писмо за интерес ( не подолго од 250 зборови). Исто така мора да имаат македонско државјавство и одлично познавање на англискиот јазик.

Краен рок за испраќање на апликациите е 31 јануари, 2014 година, стои во објавата од Амбасата на САД.

Апликацијата може да се преземе овде [Application Form], а дополнителни одговори да се побараат кај Газменд Иљази, асистент за образовни прашања на мејлот IlaziG@state.gov.

Сите информации за програмата пак се наоѓаат на официјалниот веб сајтот на Benjamin Franklin Transatlantic Fellows.