Летни стипедии за учење германски јазик

Баварскиот високообразовен центар за Средна, Источна и Југоисточна Европа, организација за координирање контакти и размена на академски граѓани, распиша повик за доделување стипендии за едномесечни летни курсеви по германски јазик за студенти од Македонија на додипломски, на постдипломски или на докторски студии.

Летни стипедии за учење германски јазик

Повикот се однесува на граѓани од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија, Словенија и Украина.

Стипендиите вклучуваат средства за школарината, за сместувањето, за исхраната, како и симболичен џепарлак. Може да се пријавуват сите лица што имаат претходни познавања на германскиот јазик, без оглед на стекнатото ниво.

Повеќе информации може да се добијат на официјалната интернет страницата на Баварскиот високообразовен центар.

Крајниот рок за пријавување е први април.