Летна школа во Сараево за медиумско право и медиумите во вооружени конфликти

Европското здружение на студентите по право на РМ (ЕЛСА) ја претстави Летната школа што ја организира ЕЛСА Сараево од 23-30 јули. Оваа година темата го опфаќа медиумското право и влијанието на медиумите во вооружени конфликти.

Организаторите најавуваат интересна содржина и социјална програма подготвена од професионални предавачи кои имале искуство во известување од војна.

Повеќе информации за темата и предавачите, како и пријавата се достапни на овој линк.

Краен рок за аплицирање е 15 мај.