Летна програма за англиски јазик во Лондон

Educira.me и London School of Business and Finance (LSBF), во соработка со МОФ, на сите млади им нудат: двенеделен  одмор, летен јазичен курс, како и одлична можност да го поминат летото во друштво на млади од различни земји од светот.

Летна програма за англиски јазик во ЛондонАнглија е најдоброто место за изучување англиски јазик, а LSBF ги има најкредибилните и најавтентичните програми за англиски јазик во Лондон. Програмите на летниот јазичен курс се наменети за млади на возраст од над 16 години, средношколци, студенти и сите млади кои сакаат да ја подобрат нивната способност за комуникација на англиски додека го уживаат својот летен одмор во возбудата која ја нуди Лондон.

LSBF е еден од најреномираните универзитети во Англија, со училишта за јазици на пет локации во светот, групи водени од искусни професори, според специјално дизајнирани наставни програми за потребите на групата.

Летните јазични курсеви се единствена можност за изучување на странски јазик во автентична средина и претставуваат хармоничен баланс помеѓу едукација, друштвена интеракција и летен одмор. Самите курсеви, програмата и методите на LSBF овозможуваат студентите да ја зголемат самодовербата и нивната способност ефективно да комуницираат на англиски, да стекнат нови пријателства од целиот свет, да се здобијат со светски признати сертификати и истовремено да се запознаат со  традицијата и културата на еден од најатрактивните европски градови.

Курсевите кои ги нуди LSBF се фокусираат на развивање на четирите основни елементи на англискиот јазик: говорење, слушање, читање и пишување и на студентите им нудат силна подготовка за користење на англискиот јазик во академски услови и на работното место. Нивоата на англиски јазик на кои се изведува наставата се од основно до напредно ниво: „Elementary, Pre-Intermediate, Intermediate, Upper-Intermediate, Advanced“. По пристигнувањето, студентите се распределуваат од страна на одговорните лица на универзитетот во соодветното ниво.

Училиштето нуди и избор на повеќе програми: основен курс за аглиски, академски англиски, бизнис, подготовка за IELTS, еден на еден курсеви, тематски курсеви на области како: право, банкарство и финансии, инжинерство, човечки ресурси, медии, туризам, мода, итн.

Јазичните програми на LSBF  се акредитирани од British Council, English UK и University of Cambridge ESOL Examinations.

Educira.me и LSBF нудат различни пакети за јазични курсеви во Лондон, Манчестер, Бирминген, Торонто и Сингапур зависно од потребите и афинитетите на слушателите. Пакетите може да се креираат зависно од типот на јазична програма кој се изучува, бројот на часови неделно, времетраењето на програмата и градот по избор на кандидатите.

Контакт информации:

Бранкица Георгиевска

075 44 17 15

brankica_georgievska@mof.org.mk

info@educira.me

www.schoolofenglish.org.uk