„Летна игранка на Леблебиџиска улица“ во Струмица

Од вечерва (5 август), па до 9 август на познатата „Леблебиџиска улица“ во Струмица ќе се одржат серија настани, како дел од т.н. „Летна игранка“.

За старт е предвидена „Рок вечер“, за 6 август гостин ќе биде диџеј Гоце САФ, потоа на 7 август – Горан Кан, ден потоа на 8-ми – Дадо К и Мамли, а последната вечер – диџеј Дражи Драгс.

„Да бидаме безбедни, да ги почитуваме препораките од Министерството за здравство. Ограничен број на гости, за резервација пишете порака“, се вели во најавата за „Летната игранка“.