Летен универзитет по француски јазик во Струга, по петнаесетти пат

Наредните четири дена по петнаесетти пат во хотелот „Дрим“ во Струга се одржува летниот универзитет по француски јазик, во организација на Француската амбасада во Македонија.

Летен универзитет по француски јазик во Струга, по петнаесетти пат

Анжелик Лере, атеше во Амбасадата на Франција

Интересот за летниот универзитет од година во година се зголемува со оглед на фактот што францускиот јазик е втор јазик во Европа, но исто така за негово изучување се зголемува интересот и кај македонската популација. Овде сме заради летниот универзитет во Струга кој што го организираме за професорите по француски јазик и овој универзитет се организира веќе петнаесеттина година:

– Амбасадата на Франција го поддржува овој летен универзитет и секоја година носиме предавачи, специјализирани за францускиот како странски јазик и годинава нудиме пет модули за работа. За организација на универзитетот и модулите кој што ги нудиме тргнуваме од тоа што професорите бараат и секогаш се трудиме да одговориме на нивните барања за тоа што им треба како обука тоа да им го понудиме. Исто така се надеваме дека и оваа година ќе имаме успешен летен универзитет на ова издание на уноверзитет 2014- та и се надеваме дека ќе продолжиме и во наредните години, вели Анжелик Лере, Аташе на Францускиот институт Скопје.

Во Струга сум веќе по трет пат и навистина сум среќна што можам да држам предавања и обука на професорите по француски јазик, истакнува Емили Лер од познатата Француска и франкофонска светска телевизија ТВ 5 Монд:

– Пред се би сакала да објаснам дека ТВ 5 монд не е само телевизија, меѓутоа исто така е и еден познат интернет сајт кој што нуди програми и обуки за професори по француски јазик и всушност она што овде го правам со професорите е да им објаснам и да им помогнам да се обучат да го користат сајтот, да користат видео на час, да ги користат сите оние педагошки ресурси кои што ги нуди сајтот, објаснува Емили Лер.

За професорите по француски јазик од Република Македонија одржувањето на овој универзитет претставува одлична можност да доедукација на францускиот јазик:

– За нас е посебна чест што постои и што имаме можност ние професорите што сме од Македонија да се доедуцираме, да ги следиме образовните трендови кои што ги прата и нашите колеги што се во Европа и потоа да ги омлементираме на часовите по француски јазик. Здружението на професори по француски јазик отесекогаш имало тесна соработка со Францускиот институт, појаснува Анета Димишкоска, секретар во Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија.

На овогодинешното издание присуствуваат околу деведесет учесници претежно професори по француски јазик од Македонија, меѓутоа и професори од Косово, Албанија и Србија.

Извор