Летен попуст за студентите и учениците во ЈСП

Учениците и студентите во текот на јули и август ќе можат да купат маркичка за слободна карта по цена од 620 денари, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие.

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека сезонската цена за ученичко-студентските претплатни билети важи за овие два месеца, а продажбата на маркичките почнува денес во сите билетарници на ЈСП.

Дел од студентите преку социјалните мрежи веќе подолго време бараат бесплатен превоз, откако оваа мерка беше спроведена за пензионерите, кои секој вторник и петок се возат бесплатно во автобусите на ЈСП.