Летен камп 2013 во Јалова

Во организација на НВО Уфук и домаќинот ЈАФЕМ од Јалова, Турција од 10 до 19 Август ќе се одржи петтиот летен камп. Ноќевањата ќе бидат во студентскиот дом во Јалова, а за време на престојот покрај прекрасните плажи и  организирани забави, ќе се посетат и повеќе значајни историски знаменитости во неколку турски градови.

Летен Камп 2013 - ЈаловаНадоместокот за пат (100 евра) им припаѓа на учесниот. Ноќевањата,оброците (3 пати дневно) и факултативните прошетки ќе ги покријат организаторите.

„За време на програмата ќе имаме многу време за прошетки и плажа, покрај тоа ќе се оствари средба со градоначалникот и гувернерот на Јалова. Исто така ќе бидат одржани 2 до 3 работилници. Освен Јалова и околината ќе имаме факултетивни прошетки во Едирне,Бурса и Истанбул“, посочуваат организаторите.

Рокот за пријавување за ”летниот камп 2013” е 10 јули 2013.

Оние кои сакаат да учествуваат треба да испратат кратка биографија на bilgi@ufukdernegi.com .