Ленка го одбележува март како месец на родова рамноправност

Движењето за социјална правда „Ленка“ од денеска до 30 март ќе го одбележува март како месец на родова рамноправност. Целта на настаните организирани во рамки на одбележување на месецот е информирање и подигнување на свеста за важноста на родовата рамноправност, посебно кај младата популација.

Ленка

„Ќе се потрудиме да потсетиме на основните идеали на феминизмот како социјално движење за егалитарно општество. Ќе покренеме дискусија за некои често избегнувани прашања како на пример: „Како капитализмот како систем ги искористува еманципаторските феминистичкиидеи?“ „Какви индивидуи репродуцира патријархатот?“, стои во соопштението од Ленка.

Во рамките на одбележување на Месецот на родова рамноправност од Ленка најавуваат бројни филмски проекции, дискусии, трибини, изложба на уметнички дела, изложба на фотографии, музика, публикација на авторски дела и текстови и други настани.