Лени Кравиц доаѓа во Скопје на 3 мај

Лени Кравец ќе одржи концерт во Скопје, на 3 мај, најави продукцијата Авалон.

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, тој ќе настапи во ВИП Арената во Скопје. Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на светски познатиот музичар.

Целата европска турнеја на Лени КРавиц, која ќе се одржи во мај и јуни, ќе биде објавена денес во 12 часот по централно европско време.

По минатиот албум „Strut“ кој што беше навистина извонреден, никој не очекуваше дека Кравиц во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело , но сепак „Raise Vibration“ е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low“ им е веќе добро познат на сите, појаснуваат од Авалон.

„American Woman“, „Are You Gonna Go My Way“, „Believe“, „Fly Away“, „Again“, „Let Love Rule“, „Chamber“, се дел од неговите најпознати хитови.