Лемурите од Зоолошка градина ја прогласија Хрватска за светски шампион

Лемурите од скопската Зоолошка градина ја прогласија Хрватска за победник на Светското првенство во фудбал, соопштија од ЗОО.

„Постојано слушаме за животни од целиот свет кои предвидуваа победници на светски и европски првенства во фудбал. Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна сибирскиот тигар од Зоолошката во Краснојарск предвиди победник во полуфиналето на Светското фудбалско првенство“, потсетуваат од Зоолошката градина.

Оттаму појаснуваат дека во Зоолошка градина Скопје, како највесели прогнозери се покажаа лемурите. Кај овој вид на примати владее матријархат, односно главни се женките, па затоа за светски шампион во фудбал типуваше женка лемур.

„Нашата прогнозерка предвиде дека победник на Светското фудбалско првенство ќе биде Хрватска. Дали нејзините прогнози ќе се остварат, останува да видиме во недела“, стои во соопштението..