Лемоло – најдобриот нов бенд од Сиетл доаѓа во Скопје

Лемоло е поп замислата на музичарката од Сиетл, Меган Грандал. Грандал која е на европска турнеја и на 25 и 26 септември ќе одржи концерти и во Куманово и Скопје (МКЦ) го формираше бендот кој беше прогласен за најдобар бенд во Сиетл од Сиетл магазин како и Најдобар нов бенд од City Arts Magazine. Меган Грандал во интервју за Радио МОФ говори за нејзината музика и настапите во Македонија.

Лемоло – најдобриот нов бенд од Сиетл доаѓа во Скопје

Може ли да ни кажете нешто повеќе за бендот и како беше креиран?

Го формирав Лемоло во 2009 за време на последната студентска година на универзитетот во Сиетл. Сакав да настапам на еден натпревар на бендови на универзитетот, како и да продолжам да изведувам песни по матурирањето. Оттогаш наваму ја изведувам мојата музика со Лемоло.

Има ли артисти кои влијаеле на стилот на вашата музика?

Сум имала многу музички инспирации во животот. Највпечатливите инспирации за мене Radiohead, Elliott Smith и Emily Haines. Исто така сакам бендови како Warpaint, St. Vincent, Menomena, Wye Oak…листата продолжува!

Кое е вашето најдобро искуство на сцена?

Најдоброто „сценско искуство“ беше кога изведував песни на брод. Отсвирев мини шоу на бродска тура низ Сан Диего, Калифорнија и беше направено видео од искуството. Ова беше најдобрата „сцена“ на која свирев.

Што да очекува македонската публика од концертите во Скопје и Куманово и дали може да ни кажете нешто повеќе за идните планови на бендот?

Македонија треба да очекува добра сонувачка поп музика на моето шоу. Ќе има моменти на гласен „рокинг аут“ и моменти на ведрина, и целата работа ќе биде многу забавна. Мојот тапанар и јас ќе свириме повеќе песни од првиот албум „The Kaleidoscope“, кој може да го слушнете на следниот линк. Исто така ќе свириме песни од новиот албум, кој се уште е во продукција. Нетрпеливи сме и едвај чекаме да ја посетиме Македонија за прв пат.