„Леќата меѓу нас“ – пар патува низ светот и создава невообичаени фотографии

Креативниот пар Зузу Галова и Питер Седлацик дале отказ од своите работни места за да патуваат низ светот, документирајќи ја својата авантура, но и врската, на невообичаен начин.

Единствената перспектива на фотографијата отсекогаш била нејзина доблест, но и нејзина Ахилова пета. Со исклучок на стерео и паноптичните формати, вообичаените фотоапарати не можат да дадат веродостојна реплика на широката перспектива на човечкото око. Но, Словаците Зузу Галова и Питер Седлацик покажуваат дека не мора секогаш да се игра по тие правила.

Фотографиите од изложбата Lens Between Us (Леќата меѓу нас), создадени во текот на изминатите три години, ги покажуваат ограничувањата на фотографијата како медиум.

За секоја слика направена од Галова, а на која може да се види Седлацик, има реципрочна слика направена од Седлацик на која ја има Галова. Фотографиите се прикажани една до друга, со што гледачот добива два погледи од истата сцена, а секоја фотографија служи како метафорично огледало на другата.

„Ја добивме идејата кога бевме на нашиот прв заеднички одмор во Португалија“, објаснува Галова. „Двајцата имавме фотоапарати и се фотографиравме еден со друг. На почетокот само се шегувавме, но потоа сфативме дека имаме неколку добри фотографии, па ги споивме“.

„Секогаш е „органско“. Не се подготвуваме за фотографирање, секогаш го правиме тоа спонтано. Кога се трудам да ги спојам фотографиите понекогаш не ми оди, различни се бојата, тонот, композицијата. Но, кога ги правиме фотографиите, не поминуваме многу време на местото“, додава Седлацик.

Парот досега има направено повеќе од 150 „двојни“ фотографии, а имаат и околу 50000 следбеници на Инстаграм и Тамблер, каде редовно ги објавуваат своите слики.


Извор: Guardian