„Lego“ додаде фигура на лице со посебни потреби по покрената петиција

Компанијата за играчки „Lego“ додаде нов лик во нивната производствена линија – лице со посебни потреби.

Минијатурна фигура во инвалидска количка, придружена со куче како помош била забележана во Лондон, за време на фестивал за играчки.

Овој потег на компанијата доаѓа една година откако се покрена петиција со хаштагот #ToyLikeMe (#ИграчкаКакоМене) која собра повеќе од 20 000 потписи.

„Во моментов имаме солзи радосници“, вели Ребека Аткинсон, која ја започна петицијата. Таа додаде дека компанијата „го срушила нивниот свет изграден од тули“.

Пред една година, Аткинсон упати отворено писмо со кое побара „Lego“ да биде повеќе инклузивен.

Компанијата неодамна најави дека ова лето се очекува да пристигне дополнителен сет на играчки, кој вклучува нови 14 минијатурни фигури и мало бебе, делови за пикник, косилка за трева и рингишпил.